Три пријави за физички напади во СВР Велес во еден ден, во еден случај напаѓачи биле шест малолетници

Во Сектор за внатрешни работи Велес евидентирани се три одделени случаи на физички напади, два врз малолетници и еден врз жена.
Првиот случај бил пријавен во 15:00 часот кога четириесет и пет годишната велешанка Р.К објаснила дека на улица „Христо Татарчев“ во градот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од шест малолетници.
Потоа во 19:45 часот во СВР Велес од страна на 33 годишната П.О било пријавено дека на улица „Вера Циривири“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од Е.Р 51 година.
Два часа пред полноќ, бил пријавен и трет случај на физички напад од страна на 29 годишната велешанка Џ.О. Како што пишува во дневниот билтен таа пријавила дека на улица „8 Септември“ по кратка расправија била нападната од Н.Н.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните.
Убавка Јаневска


