Тројца починати од Ковид-19 викендов во велешка болница
Објавено на 27 септември, 2021 во 11:25
Починатите се на возраст од 78 до 88 години, најмладиот од нив е починат во петокот додека највозрасниот во саботата. Третиот пациент е починат вчеравечер.
Во велешка болница во моментов се лекуваат 64 ковид пациенти од кои 47 се потврдени позитивни, седум се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 34 пациенти, на Интерно одделение девет и во Модуларната болница 21 ковид пациенти, соопшти портпаролката на Општа болница Велес, д-р Елеонора Јованова.
Во моментв на кислородна поддршка се вкупно 30 пациенти.
Во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева