Уапсен жител од Градско, пронајдени куршуми
Објавено на 13 јули, 2022 во 12:16
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 06:00 часот, го лишиле од слобода дваесет и девет годишниот Д.И од Градско.
-При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени се повеќе куршуми за ловечка пушка калибар 12, известуваат од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.