Убиство во Велес, жената што уби маж е приведена (ОБНОВЕНО)
Убиството се случило рано утринава во 2:20 минути во семејната куќа на улица „Максим Горки“ Во Велес. Тогаш П.И (23) со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес
-Во 05:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02:20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Убиениот маж беше полицаец, вработен во Секторот за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска