Ученичките од ООУ „Васил Главинов“ освоија прво место на натпревар организиран од ССОУ „Димитрија Чуповски“ по повод светскиот ден на здравјето

Објавено на 8 април, 2025 во 11:59

Пет основни училишта од велешкиот регион учествуваа на натпреварот „Соработувај со природата за здравје“ кој го организираше ССОУ „Димитрија Чуповски“ по повод 7 април, светскиот ден на здравјето. Учениците за време на натпреварот покажаа голема креативност и истражувачки дух при презентирањето на своите теми. Целта беше да се поттикне размислување за тоа како природните науки и природата можат да се користат за создавање на нови решенија за здравствени проблеми.

-Нашето училиште како образовна институција која цели 8 децении образува и едукативно подготвува кадар за потребите на здравството, по повод Светскиот ден на здравјето-7ми Април ги покани основците од велешкиот регион на заедничко обележување. Со таа цел, да дадеме свој придонес во подигање на свеста на секој поединец, Тимот од фармацевти вработени во училиштето решија да го организираат натпреварот. Темите требаа да ја прикажат поврзаноста на природните науки и природата како основа за изнаоѓање на лековите, објаснуваат од ССОУ „Димитрија Чуповски“.

На натпреварот учество земаа ПОУ,,Страшо Пинџур,, од Кавадарци Село Дреново, потоа велешките основни училишта „Васил Главинов“, „Блаже Конески“ и „Св. Кирил и Методиј“ како и основното училиште „Тодор Јанев“ од општина Чашка.

На натпреварот првото место го добија ученичките Изабела Димков, Даниела Теова, Кристина Штрејовска и Мартина Ристовска од ООУ „Васил Главинов“ под менторство на наставничката по биологија Ленче Јаневска со тема „ Природата е најдобриот лекар. – Лековити растенија од Велешкиот регион кои помагаат против разни болести“.

Второто место му припадна на основното училиште „Блаже Конески“ поточно на учениците Лука Коциќ, Ева Јаковлевска, Ева Стоилковска, Ања Арсовска и Ана Јовановска кои работеа со наставничката по биологија Ружица П. Николовска на тема „Природата и науката – совршен спој за здравјето“.

Третото место го заземаа гостите од Кавадарци, поточно учениците Ангел Бошев, Елена Попова, Зорица Димкова, Марија Тодева и Трајче Костов од ПОУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, село Дреново под менторство на Анкица Деков.

-Жири комисијата ја сочинуваа претставници од нашите долгогодишни и верни соработници од бизнис-секторот, кои со отворени врати ги примаат нашите ученици како за редовна пракса за време на учебната година дел од наставата за учење преку работа кај работодавач, така и за време на летниот период. Жири комисијата имаше мошне тешка задача од сите одлични презентации да додели три награди, објаснија од велешкото средно училиште „Димитрија Чуповски“.

Училиштето „Димитрија Чуповски“ со оваа иницијатива продолжува со својата долгогодишна традиција на едукација за потребите на здравствениот сектор.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.