Ученичките Славковска и Јовевска на ССОУ „Димитрија Чуповски“ први на Регионален натпревар на пекари и слаткари (фото)

Објавено: 18 март, 2026, во 14:43 часот

Училиштето ССОУ „Димитрија Чуповски“ беше домаќин на Регионалниот натпревар во вештини за пекар и слаткар во рамки на проектот „Иновативни млади пекари и слаткари – мајстори за специјална храна“. Учесниците во натпреварот ги покажаа своите знаења, креативност и практични вештини во подготовка на пекарски и слаткарски производи.

-Ученичките Вероника Славковска и Јана Јовевска од ССОУ „Димитрија Чуповски“ освоија прво место во нивните дисциплини, со што уште еднаш го потврдија квалитетот на наставата и посветеноста во училиштето. Училиштето е особено задоволно од нивниот постигнат успех кој што претставува поттик за сите ученици да продолжат да се надградуваат да ги развиваат своите вештини. Натпреварот помина во одлична атмосфера, исполнета со креативност, тимска работа и размена на искуства меѓу учениците и менторите. Жирито имаше тешка задача да ги оцени сите натпреварувачи, бидејќи квалитетот на изработките беше на високо ниво, рече директорот Горан Јанков..

Според Јанков, овој настан претставува значаен чекор во промоцијата на стручното образование и поттикнување на младите да се насочат кон занаетчиските професии. Воедно, ваквите натпревари придонесуваат за развој на иновативноста и претприемачкиот дух кај учениците, подготвувајќи ги за идните предизвици на пазарот на трудот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.