Ученици од „Вики клуб“ Велес, дел од првите пет наградени учесници на едномесечниот предизвик „Запознајте ја Шведска“ (Фото)
Двајца ученици од „Вики Клуб“ Велес, Петар Иванов од СОУ „Гимназија Кочо Рацин„ и Анамарија Костовска од ООУ „Васил Главинов“, Велес, биле дел од едномесечен предизвик насловен „Запознајте ја Шведска“ во соработка со Амбасадата на Кралство Шведска. Тие имале можност во текот на месец ноември да работат на нови статии поврзани со знаменитостите како и личности на Кралство Шведска.
Овие ученици покрај тоа што ја збогатиле Википедијата на македонски јазик со нови статии успеале да се пласираат и во првите пет наградени ученици. Според доделените поени од жири комисијата, од вкупно 670 нови статии на Википедија, Петар Иванов со корисничко име Petar Barsa освоил 816 поени со 175 статии и Анамарија Костовска со корисничко име Kostovska освоила вкупно 369 поени со напишани 104 статии, со што според големината на статиите се пласирале на второ и четврто место.
Дипломата и наградите им биле врачени во рамки на шведската прослава на Св. Лусија, од страна на Амбасадорката Г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон во понеделникот, 13 декември, во просториите на Македонска опера и балет.
Објавените статии може да се прочитаат на овој линк.
Стефани Манева