Учениците во Општина Лозово и оваа година ќе добиваат бесплатен оброк
Објавено: 19 август, 2025, во 11:58 часот
Учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта на територијата на Општина Лозово и оваа учебна година ќе добиваат бесплатен дневен оброк, мерка што локалната самоуправа ја спроведува по трет пат, со цел да придонесе за подобрување на детската исхрана, образовните резултати и општата благосостојба на семејствата.
Со одлука на Советот на Општина Лозово, средствата за реализација на оваа мерка се обезбедени директно од буџетот на општината. Бесплатниот оброк ќе биде достапен како за учениците во централното училиште ООУ „Методи Митевски – Брицо“, така и за оние во подрачните училишта низ целата општина.
-На дело покажуваме дека нашата програма е изградена врз основа на конкретна визија за иднината, која се гради со правилен распоред на приоритети и искористување на сите ресурси во насока на подобро општествено живеење, изјави градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.
Стефани Манева


