Уште еден ден во Велес без нов случај на ковид пациенти
Објавено на 3 јуни, 2021 во 15:02
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/06/велес-лого.jpg)
Во Велес, шести ден нема регистрирано нов случај и има само 14 активни случаи.
Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие направени се 2.456 тестирања и регистрирани се само 19 нови случаи . Во Скопје пет, во Куманово три, во Кочани и Демир Хисар по двајца, во Прилеп, Тетово Кичево, Гевгелија и Неготино по еден позитивен на ковид-19. Регистрирани се 26 оздравени и шест починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 364, бројката на оздравени пациенти е 148 872, на починати е 5435, а бројот на активни случаи изнесува 1 057.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)