Утре прекин во водоснабдувањето на дел од ул. Белградска во Велес
Објавено: 25 август, 2025, во 13:33 часот
Поради неопходни работни активности на водоводната линија, утре, 26 август, ќе биде извршен прекин на водоснабдувањето на дел од улицата Белградска, информираат од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес.
Како што соопштија од претпријатието, прекинот ќе започне во 8.00 часот наутро и ќе трае сè до завршување на градежните активности на терен.
Од ЈКП „Дервен“ апелираат граѓаните од овој дел на градот да имаат разбирање.
Дума.мк


