Вчера маж и денеска жена починаа од коронавирус во велешка болница

Објавено на 24 октомври, 2021 во 16:40

Денеска почината пациентка е на 72 годишна возраст, лекувана три дена во Модуларната болница, додека вчера фатално од Ковид -19 заврши животот на маж на 62 годишна возраст. Двајцата се од Велес. Денеска, исто така, на лекување во приватна болница во Скопје транспортиран од ЈЗУ Општа болница Велес е и маж на 75 годишна возраст.

Во болницата во Велес, според дневниот извештај, се лекуваат вкупно 52 пациенти  од кои  43 се потврдени позитивни, ќетворица се сомнителни  и пет пациенти се со негативен тест но задржани се на болничко  лекување.

 -На кислородна поддршка се 30 пациенти. Инаку од вкупниот број на пациенти на болничко лекување  23 се пациенти на Инфективно  одделение, 25 на Модуларна болница и четворица на Интерно одделение, соопшти портпарлката д-р Елеонора Јованова.

Исто така испишани се пет пациенти, или за двајца повеќе  од вчерашниот ден, со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.