Велешка болница цела недела на ревизија пред стручњаци!
Министерот за здравство Никола Тодоров и тим од експерти и лекари од утре ќе престојуваат во болницата во Велес.
Ќе ја скенираат состојбата, економските експерти ќе работат во делот на финансиите, додека останатите во делот на квалитетот на здравствени услуги. Целта на пет дневната посета е да се види што недостига во оваа здравствена установа и како да се подобри нејзината работа.
Во исто време таму ќе престојуваат лекари специјалисти од различни области кои ќе работат заедно со велешкиот здравствен кадар за од блиску да ги утврдат недостатоците. Тие ќе бидат на располагање на пациентите па велешани ќе можат да одат на преглед и кај нив. Министерството веќе ја објави листата на лекари во кој ден ќе престојуваат:
Понеделник: д-р Миодраг Врчаковски, одделение за радио дијагностика
Вторник: д-р Ирина Богданова, одделение за очни болести
д-р Магдалена Генадиева, одделение за интерна гастро
Среда: д-р Ериета Димитрова, одделение за физикална медицина
д-р Тантуровски, одделение за гинекологија
д-р Оливер Станков, одделение за урологија
Четврток: д-р Караѓозов, одделение за хирургија
д-р Елзиабета Србиновска, одделение за интерна кардиологија
д-р Аспазија Софијанова, одделение за педијатрија
Петок: д-р Лидија Дубровска Милетиќ, одделение за уво, нос и грло