Хирушкото е одделение со висок квалитет!
Болницата во Велес има просторен, технички и кадровски потенцијал за здравствени услуги на многу повисок степен од рангот на општа јавна установа.
Бидејќи го покрива целиот Повардарски регион во најмала рака болница треба да биде регионална. Ова е првичната оценка на примариус д-р Крсте Стрезовски, специјалист по ортопедија и трауматологија на клиниката ТОРАИЛ во Скопје. Познатиот македонски ортопед и трауматолог, во средата, работеше со велешките специјалисти по хирушки болести, со ортопедите и трауматолозите. По извршените хирушки зафати примариус Стрезовски соопшти дека стручните капацитети на велешките колеги се на ранг на повеќемина врвни македонски лекари. Притоа ја издвои нивната желба за стручно усовршување и за примена на современи медицински техники во лекувањето на пациентите.
„ Колегите во Велес имаат висок степен на стручност, на интузијазам и воља да го прошират опсегот на здравствените услуги што ги даваат и затоа ние како клиника во Скопје сме подготвени да им ја дадеме неопходната поддршка со доедукација и евентуална соработка со испраќање кадри на почеток додека се воспостават новите методи во Велес. Очекувам дека по завршувањето на оваа недела, ќе преминеме на конкретно реализирање на проектите преку наша материјано техничка поддршка, кадровска и поддршка во евентуалните организациони проблеми со кои се соочува менаџментот на болницата“ рече Прим. Д-р Стезовски.
На шестмината добро обучени професионалци, двајца специјалисти, еден субспецијалист, двајца ортопедски хирурзи и еден трауматолог, во операционите сали на хирушкото одделение им се потребни нови инструменти. Тоа не треба да преставува голем трошок за министерството за здравство. Болницата има компјутерски томограф, го издејствуваа токму овој тим на лекари, чиј приоритет сега е медицинскиот апарат магнетна резонанса.
„И покрај тоа што моите ингиренции се во делот на ортопедската хирургија за прашањето за набавка на магнетната резонанса сигурен сум дека таа е дел од проектите на министерството што ќе се реализираат. Оваа болница е една од поголемите и практично има карактеристики и на регионална,“ рече Прим. д-р Стрезовски.
Тој соопшти дека во велешката болница здравствените услуги имаат високи стандарди а пациентите се лекуваат на професионално ниво. Престојот на Прим. д-р Стрезовски во велешката јавна здравствена установа е во рамките на Кајзен проектот што го спроведува министерството за здравство.