Убиецот на мајката во Неготино,болен од шизофренија!
Се кајам за она што го сторив, нема да го повторам делото кое е најголема грешка во мојот живот.
Вака пред велешкиот суд сведочеше дваесет и три годишниот Димитар Спасов, момчето од Неготино кое ноќта помеѓу 16 и 17 јули, годинава ја уби својата мајка, четириесет и седумгодишна годишната Нада. Со медицинско возило беше донесен на обвинителна клупа, но повторно беше вратен на лекување. Според вештачењето на психијатрите тој делото го сторил во момент на психичко рстројство, а моментално боледува од параноидна халуциона шизофренија. Поради ова лекарите од скопската психијатриска клиника побараа медицинска помош за Спасов, а сите страни се согласија со ова.
„Ова е еден од ретките моменти кога бранителот во потполност се согласува со обвинителот. Сепак се работи за интересот на сторителот на делото. Мислам дека најдобро е за него во овој момент по предлогот на вештите лица да се упати во установа поради трајна душевна растроеност“, рече Андреја Димовски, адвокат на Спасов.
Според обвинението Спасов мајка му ја нападнал дома кога десетина пати ја избодел со нож и телото облиено во крв го фрлил во контејнер позади зградата. Сведоци на грозоморната глетка биле вработени во „Комунална хигиена“ кои сведочеа за се она што го виделе кобната ноќ.
„Мене Димитар ме праша каде да го фрли месото, мислејќи на телото на мајка му кое го носеше на рамо. Му реков остави ја тука. Веднаш штом замина се јавив в полиција и пријавив. Кога го донесоа полицајците за да го испрашуваат кај контернерите тој рече го сторив ова како на филм, ја убив. Јас до ден денеска имам трауми од глетката. Жената цела беше облеана во крв а и тој беше.Тогаш не можев да спијам цела недела“, рече сведокот Мемед Мустафов.
Пред петчлениот кривичен совет на велешкиот суд сведочеше и обвинетиот за убиство. Димитар Спасов беше во тешка психичка состојба, зборуваше со неповрзани реченици и се обиде да објасни зошто ја убил мајка си. Тој се присети дека кога ја убил мајка му тоа било денот кога се навршиле десет години од смртта на татко му. Истата ноќ Димитар на фејзбук го навести мотивот и напиша дека не можел да и прости на Нада што не одела на гробот од татко му и што се гледала со други мажи. „Нова мајчинска љубов. Те сакам мајка и татко нека те суди…што му немаш појдено на гробот!“ напиша Спасов во една од пораките на социјалната мрежа.
Во судницата, баба му и дедо му по мајка, сведочеа и очајнички бараа внукот да биде добро згрижен и излекуван. Плачеа, го прегрнуваа и не можеа да ја сокријат љубовта кон него.
Димитар Спасов е студент на трета година на факултетот по физичка култура во Скопје и неколкукратно наградуван на светски натпревари во кик бокс.