Загина велешанец, синоќа на автопатот Велес -Скопје!
Објавено на 18 декември, 2012 во 10:39
Се утврдуваат причините за сообраќајката.
Четириесет и седум годишниот Звонко Јованов, синоќа, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Велес – Скопје. Несреќата се случила околу 20 часот во непосредна близина на Пуста кула. Автомобилот на Јованов, “Opel Corsa”, удрил во банкината на третиот мост по наплатната рампа Отовица и излетал во провалија. Тој загинал на лице место. Полицискиот увид треба да ги открие причините за несреќата за која првично сомнежите паѓаат на неприлагодената брзина на возење и лизгавиот коловоз.