За блиските починат пред половина година а за институциите жив!
Објавено: 10 јуни, 2013, во 19:49 часот
Шеесет и пет годишниот Борислав А., познат во јавноста по тоа што ја запали куќата во која беше неговата поранешна жена, починал лани во декември во психијатриската болница Бардовци во Скопје додека ја издржувал казната задолжително психијатриско лекување.
Но, тој сеуште се води дека е жив во службата за издавање лични документи на СВР Велес. До овие информации дошле неговата поранешна сопруга Светлана и адвокатката Билјана Ангелова кога деновиве отишле да извадат документи.
Полициските службениците ги информирале дека неможат да им ги издадат бараните потврди бидејки Борислав кај нив не е одјавен од евиденцијата на живи граѓани што значи дека доколку починал од нив никој не побарал умреница.
– Се изненадивме бидејќи тој и мојата клиентка одамна се разведени. Светлана имаше информации дека поранешниот сопруг починал лани, на 17 декември во Скопје во болница, затоа што оттаму и се јавиле и прашале дали таа ќе го погребе. Поранешната сопруга одбила и така завршила комуникацијата со институцијата. Кога пред некој ден ја започнавме судската постапка за префрлање на имотот ни беше потребен документ кој ќе потврди дека човекот е починат. Бевме изненадени кога неможевме да го добиеме бидејќи за Борислав никој од велешката полиција поточно од службата во Велес не побарал умреница. Сега и судската постапката е закочена – рече Ангелова.

– Јас им реков на луѓето кои ми се јавија на телефон дека мојот поранешен сопруг има семејство на кое треба да му се јават и дека негледам причина јас да се грижам за тоа. Така разбрав дека починал. Сега се изненадив – рече Светлана А.
Информацијата дека досега никој не побарал умреница за велешанецот ја потврдија и од СВР Велес.
Оттаму рекоа дека одговор треба да побараме од психијатриската болница во која починал човекот и за чие погребување институцијата морала да има обезбеден документ. /Б.Н


