Делата на Дамјанов се бисери на сакралната архитектура

Објавено: 13 јули, 2013, во 17:07 часот

Ненадминатиот мајстор и градител, кого следбениците го нарекоа најголем македонски архитект, во својот живот изградил вкупно 40 цркви во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина како и во Бугарија и северна Грција. Во поседните две држави сеуште нема точни податоци за бројот на градбите што Дамјанов со тајфата ги изградиле.

Она што е значајно за сите нив е што тие се градби кои народот ги сака и одржува бидејќи добро знал на кого му ја довериле работата, кој мајстор ги изградил. Меѓу сите цркви за најубави се прогласени Свети Пантелејмон во Велес и црквата Света Тројца во Сараево.

– Велешката црква и црквата во Сараево која исто така е прекрасно декорирана, озвучена и со сите епитети од тогашното време. Дамјанов доста добро ја познавал византиската архитектура и се надоврзуваат градбите со сите архитектури за храмови низ Европа. Тој црпел идеи и ги надоврзувал па така секоја негова градба е уникатна и неповторлива, рече архитект Станка Амбаркова.

Затоа е големо значење на Андреја Дамјанов кое Македонија и не му го дала во вистинска смисла. Градителот и ненадминлив архитект преставува невиден извор за архитектонското обликување. На делата на Дамјанов треба да се надоврзуваат македонските архитекти, особено помладите од кои се очекува да ги вградуваат посовремените материјали во градбите./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.