Мртво тело на маж, два дена, лежело во кругот на болницата!

Објавено: 15 јули, 2013, во 14:10 часот

Хигиеничари го пронашле телото на починатиот велешанец, вчера, додека го собирале сметот во дворот на болницата. Тоа лежело на само неколку метри од капелата во изградба поточно во близина на Дневниот центар за нарко зависници.

Случката веднаш ја пријавиле во полиција. Таму бил направен увид од полициска екипа, истражен судија и јавен обвинител.

Од велешката полиција денеска ја потврдија информацијата.

Од таму информираа дека мртвиот маж е велешанецот Зоран Б. (40) чие тело било испратено на обдукција.

Првичните информации поврзани со оваа случка се дека  станува збор за регистриран нарко зависник за кој засега се претпоставува дека починал пред два дена од предозираност.

Истрагата ќе треба да ги утврди причините за смртта на мртвиот маж. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.