Повисоки чинови за дел од старешините во Касарната во Велес
Објавено: 16 август, 2013, во 15:28 часот
Со доделување на награди, признанија и повисоки чинови на најуспешните припадници, денеска во касарната во Велес, АРМ го одбележа 18 август.
Командантот на Командата за обука, полковник Љупчо Костовски рече дека Армијата го продолжува вековниот сон на сите македонски херои кои се бореле за праведност, слобода и подобра иднина и притоа потсети на 24-те илјади жртви кои ги дадоа животите во НОВ за слободата и независноста на државата чии имиња не смееме да дозволиме да се заборават. Армијата секогаш била со својот народ, констатираше полковник Костовски.
– Сите оие години Армијата беше со својот народ и несебично се вклучуваше во сите акции кога беше потребно и побарано. Нераскинливото ткиво на таа поврзанот и ден денес се огледа во довербата и почитта која Амијата ја има кај сите граѓани“, рече командантот Костовски.
На одбележувањето на 21 роденден, македонската армија, на гостите им го презентираше оружјето,возилата и воената опрема со која располагаат единиците./Б.Н


