Мајка го најде мртов синот во куќата во Велес

Објавено: 19 август, 2013, во 08:29 часот

Д.Д мајка на починатиот Д.С (24) го пронашла безживотното тело вчера околу 10 часот и 20 минути во куќата во која син и живеел. Покрај лешот во распаѓање имало шприцеви и игли. Полицијата направила увид а по барање на истражен судија лешот бил предаден на обдукција. Се чекаат резултатите на обдукцијата за точно да се утврди причината на смртта кај Д.С.

Тој е регистриран наркозависник. Бил дете на разведени родители кое живеело само во семејната куќа, по смртта на татко му. Мајката  живеела во странство. Таа сега била во Велес и според полицијата пред три дена последен пат го видела својот син. /Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.