Повеќе простор за општинската администрација во Велес

Објавено: 20 август, 2013, во 12:42 часот

Општината има за 168 м2 поголем имот од порано. Владата и ги преотстапи поранешните простории на резервните воени старешини во Велес  кои се наоѓаат на стотина метри од зградата. Сега ќе има простор повеќе и за општинската архива. Штотуку добиениот простор ќе се преадаптира и во дел од него ќе се складира архивската граѓа , а во останатиот дел ќе се вселат дел од службите на општината. Со новите канцеларии ќе се ублажи потребата од простор кои со години на ред го чувствува администрацијата во општинската зграда.

„Со оглед на тоа дека имавме потреба од проширување на просторот и со оглед на тоа што општинската зграда е поделена на повеќе министерства, наша цел беше да добиеме нов простор. Еве сега го добивме тој простор и дел од службите ќе бидат префрлени тука, рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Новиот имот е проценет на 60.000 евра. Општината ќе издвои 20.000 евра за да го стави во функција. Чадиев најави дека постапката за реконструкција на просторот ќе почне деновиве за да заврши отприлика по еден месец.

Градоначалникот се надева дека општината ќе ја добие и зградата на ССМ, во центарот на градот. За неа се водат судски спорови од кој дел завршија во корист на општината. Досега општина Велес на трајно користење ги доби градскиот стадион, Офицерскиот дом и дел од просториите на Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор во Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.