Стечајците од Порцеланка пред Управен суд ќе ја оспорат висината на наградата за адвокатот

Објавено на 1 февруари, 2014 во 09:23

Стечајците од Порцеланка и нивниот адвокат Трајче Торов сеуште се докажуваат околу наградата од 1.200 евра. Дваесет и пет стечајци сметаат дека тоа се многу пари за награда во постапката која пет години ја водеа пред Управен суд, парите не биле пресметани според адвокатски тарифник туку паушално и бараат прво да добијат песметка од Торов па потоа да платат.

Добрила Ѓоргиевска е една од нив. Таа вели дека не бегаат од одговорноста да платат туку бараат дополнително време во кое отштетата од државата ќе ја добијат сите седумдесеттина стечајци. И штом адвокатот им пресмета поединечно тогаш ке му платат.

– Ние сме група работници за кои адвокатот изјави дека не сме биле благодарни. Тоа не е точно бидејќи ние стоиме на ставот дека ке му платиме и само бараме Торов да ги заврши сите работи и сите седумдесетмина  да земат пари. Сепак ако некој е заслужен за решението тоа е Ѕвонко, тоа сме сите ние бидејки трчавме, обезбедувавме документи, организиравме средби, се договаравме и преговаравме. Адвокатот мора да ни признае за тоа како и фактот дека најголем дел од работниците него за првпат го видоа кога им ги подели уплатниците за да му платат, рече Горгиевска.

Оваа група на стечајци за наградата на адвокатот побара толкување и од Адвокатската комора на Македонија. Ѕвонко Самарџиев вели дека мислење добиле од Врховниот а ќе бараат и од Управниот суд.

– Имаме низа толкувања и мислења, ставови кои укажуваат дека адвокатот не е во право кога ни бара по 1.200 евра од човек или вкупна сума од 90 илјади евра за награда во постапката во која пред Управен суд докажавме дека кога се отвори стечај во Порцеланка фабриката беше во државна сопственост а не во приватни раце. Врховен суд кажува дека договор кој се прави со проценти не може да биде валиден бидејки директно се одземаат пари од добивката на странката, рече Самарџиев.

Адвокатот Трајче Торов пред две недели изјави дека стечајците не биле во право бидејќи само мала група од нив не сакала да му плати. Тогаш тој изјави дека работел според адвокатски тарифник. Од оние стечајци што добиле повеќе пари барал поголема награда а бесплатно ги застапувал тие што не добиле ништо.

За стечајците тоа не е така. Ги покажуваат договорите и тврдат дека во постапка пред Управен суд ќе докажат дека пресметката на адвокатот Торов била погрешна./Б.Н

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.