Разбојници повторно ограбија бензиска пумпа на Макпетрол во Велес

Објавено на 30 април, 2014 во 12:53

Грабежот се случил синоќа, околу 23 часот кога на бензиска пумпа на оваа компанија , лоцирана на автопат Скопје – Гевгелија, кај село Башино село,  две непознати, маскирани и вооружени лица влегле во објектот извршиле разбојништво над вработениот и од канцеларијата одзеле вкупно 98. 100 денари.

Исто како и претходно,грабежот се случил неверојатно брзо. Како на филм, разбојниците влегле, упатиле закани кон вработениот, ги украле парите и побегнале во непознат правец.

Велешката полиција направила увид. Сега се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, соопштија од СВР Велес./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.