Вардар повторно ја поплави зградата спроти велешки театар

Објавено на 5 мај, 2014 во 13:26

Под вода се порумите кои ги користат дваесет и четирите семејства во зградата на улица „Петре Прличко“ .  Утрово станарите измериле, висината на водата изнесува 60 см. Водата им ја зароби зимницата, парчиња од мебел, стари предмети, хидрофори  и други земјоделски машини. Овие граѓани деновиве се обидувале неколку пати да ја испумпaaт водата но се откажале бидејќи нивните напори не влодиле плод. Тие велат дека состојбата е иста веќе трета недела а денеска нивото на водата денеска е највисоко.

– Постојано од подот на подрумите извира вода. Колку и да се трудиме да ја испумпаме надвор од зградата, одоздола извира нова количина на вода. Само со чизми може да се влезе внатре. Ми останаа  мотикултиваторот и парчиња од мебел. Нив не можам да ги спасам. И во мојот и во подрумите на соседите сликата е иста. Зимницата ја прежаливме но мебелот не, рече Славчо Новаковиќ.

Неговиот сосед Кире Масинов е вселен во зградата откако е изградена. Тој раскажува дека иста е сликата во подрумите откако во Велес се изгради кејот, пред десеттина години. Секоја година по неколку пати сме поплавени, вели овој станар.

– Опасност има голема. Станарите се плашат бидејки прво ако водата навлегува преку канализационите цевки тогаш ова е потенцијален извор на зараза. Доколку станува збор за некоја дага која директно понира од реката се до нашите подруми тогаш состојбата е алармантна. Но што и да е мора да се стави крај. Јас и денеска бев во општината и разговарав со службениците на кои им соопштив дека станарите од оваа зграда не бараат да им се поправаат подрумите туку општината да реагира и да ја заштити зградата од поплави, рече Масинов.

Нему од општината му ветиле дека градоначалникот преку службите ќе му одговори на писменото барање најбрзо што можат.

Инаку, зградата на улицата „Петре Прличко“ е оддалечена од кејот и Мало мовче околу стотина метри.  И само во неа и во подрумите на трите куќи, кои се наоѓаат веднаш до зградата,  се поплавуваат подрумите при секое надоаѓање на Вардар.  Во околните згради и куќи помеѓу мостот Гемиџии и Мало мовче нема поплави. Станарите досега повеќе пати бараа помош од општината но нивниот проблем никој не го реши./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.