Пристапни рампи се градат во Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“
Едната пред влезот на интернатот, а другата внатре во објектот. Домот конечно ќе ја урне бариерата со која досега се соочуваа лицата со хендикеп. „Наша заложба е да имаме еднаков третман за сите граѓани в општеството. На овој начин секој наш посетител или корисник на услугите може да ја посети нашата нституција без никаков проблем,“вели директорката Василка Ѓурчиновска.
Градежните работници веќе се на терен. Пристапните рампи ќе ги направат достапни сите објекти кои се наоѓаат во внатрешноста на интернатот.
„Предвидено е да се направат две рампи. Едната е овде надвор ,а втората е помеѓу кујната и собите. На тој начин целиот објект ќе стане притапен,“ рече Ѓурчиновска.
Овие пристапни рампи нема да бидат единствените во ученичкиот дом. Надлежните планираат во иднина да ги приспособат и санитарните јазли и да ги направат достапни за лицата со посебни потреби./Д.С
