Се одрони карпа на автопатот Скопје – Велес (ФОТО)

Објавено: 14 мај, 2014, во 16:47 часот

Падна град, го отежна сообраќајот а потоа се одрони и дел од карпа која заврши на коловозот на автопатот Скопје – Велес. Повредени нема но има оштетени возила кои налетале на одронот. Во него прво удрило возило на итна медицинска помош а во него и автомобил „Југо“.

Тоа беше причина за делумен застој на сообраќајот на патот и создавање на подолга колона од возила, раскажаа граѓани од Велес кои секојдневно патуваат по автопатот. Тие ги испратија фотографиите од состојбата на автопатот ова попладне.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.