Состојбата со Ковид-19 во велешката болница е стабилна, седум пациенти на кислородна поддршка

Објавено на 29 јануари, 2021 во 13:21

veles bolnica fin

29.01.2021

Во Општа Болница Велес, хоспитализирани се 22 ковид пациенти, 20 од нив се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и еден пациент е со негативен тест, но задржан на болничко лекување.

„Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На кислородна поддршка имаме вкупно седум пациенти“- соопшти д-р Елеонора Јованова.

Од болничките ковид пациенти, 19 се лекуваат на Инфективното одделение, додека на Интерно одделение само тројца пациенти.

Стефани Манева

#Ковид-19 #ОпштаБолницаВелес #Велес #Македонија 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.