Велешката болница набави нови медицински апарати во вредност од околу 130 илјади евра

Објавено на 29 јануари, 2021 во 15:58

Bolnickaoprema fin

29.01.2020

Апарат за анестезија со монитор за деца и возрасни, два апарати – Аспиратори за сукција, Дефибрилатор, Оптика за лапарoскопија, Кардиолошки сонди, Гастроскоп и колоноскоп, осум Концентратори за кислород, седум пациент монитори и апарати за физикална терапија со ултразвук, интерферентни струи и дијадинамиски струи се ново набавените медицински апарати во ЈЗУ Општа болница Велес.

Опремата е веќе ставена во употреба со цел да се подигне квалитетот на здравствените услуги на пациентите.

„И покрај тоа што минатата година беше исклучително тешка, како од здравствен така и од економски и социјален аспект, менаџерскиот тим на болницата се грижи за пациентите и нивните здравствени потреби. Потврдивме дека со вистинска организираност и труд секогаш се постигнуваaт успеси. И покрај пандемијата, кога болницата ги стави сите свои ресурси во служба на превенција и лекување на заболените од Ковид 19, покажавме значајни резултати. Со набавка на овие апарати значајно се подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди нашата болница,“ соопшти менаџерскиот тим.

Јавно здравтвената институција во претстојниот период ветува дека ќе продолжи со инвестиции како и со подобрување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.