Вкупно се хоспитализирани 29 пациенти во велешката болница, седум од нив се на кислородна поддршка

Објавено на 2 февруари, 2021 во 12:42

veles bolnica fin

02.02.2021

Вкупно се хоспитализирани 29 пациенти во Општа болница Велес, 24 пациенти се потврдени позитивни на коронавирусот, четири лица се сомнителни и еден пациент е со негативен брис но задржан на болничко лекување.

– На Инфективно одделение се 25 пациенти, додека на Интерно одделение имаме само четири пациенти. – соопшти д-р Елеонора Јованова.

Во велешката болница, седум пациенти се на кислородна поддршка, а како оздравени испишани се двајца пациенти со по еден негативен тест.

Стефани Манева

#ОпштаБолницаВелес #Ковид-19 #ПозитивниПациенти #КислороднаПоддршка 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.