Хоспитализирани се 32 ковид пациенти во велешката болница, еден пациент е транспортиран во Приватна Болница во Скопје

Објавено на 11 февруари, 2021 во 12:49

bolnica fin

11.02.2021

Во текотна вчерашниот ден, еден пациент кој е позитивен на коронавирус е транспортиран во Приватна Болница Систина во Скопје.

Во Општа Болница Велес хоспитализирани се вкупно 32 ковид пациенти. Дваесет и шест од нив се потврдени позитивни, двајца сомнителни и четворица со негативен брис но задржани на болничко лекување.

-Од хоспитализираните 32 пациенти, на Инфективно одделение се лекуваат 30 и на Интерно одделение само двајца пациенти, соопшти д-р Еелеонора Јованова.

На кислородна поддршка се 13 пациенти.

Во текот на денот испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

– Состојбата со коронавирусот е стабилна, но сите граѓани да ги почитуваат мерките воведени од страна на Владата со цел справување со Ковид-19, апелираат од ЈЗУ „Општа Болница Велес“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.