Филипче: Новозаразените во Кавадарци се од британскиот сој на коронавирус,се надевам дека нема целосно да се исполни болничкиот капацитет

Објавено на 20 февруари, 2021 во 13:48

151903616 732049300670827 7754820794535899303 n

20.02.2021

Се пратат резултатите и се анализира секвенционирањето на геномите на вирусите на ново дијагностицираните пациенти заразени со ковид во Кавадарци, Прилеп и Охрид. Резултатите покажуваат дека е зголемен бројот на пациенти заразени со британскиот сој на вирусот. Во последните два дена зголемувањето од 20 % се искачи на 50% од вкупниот број на дијагностицирани. Во Прилеп и во Охрид процентот на зголемување е понизок во споредба со Кавадарци каде процентот е висок.

– Се надевам дека нема целосно да се исполни болничкиот капацитет во Кавадарци со новодијагностицирани пациенти. Сега таму нивото на исполнетост на капацитетот е на нивото од месец ноември, во минатата година, кога притисокот беше на највисоко ниво. Меѓутоа ја анализираме и состојбата на цела држава и кога така се анализира има благо зголемување на инфицирани случаи. Во споредба со резултатите во претходниот месец кога дијагностициравме 60 од вкупно 650 во другите болнички капацитети нема таков притисок но може да се зголеми и да биде како што беше во месец ноември. Другата анализа што ја правиме е дали се ова заслужува дополнителни и рестриктивни мерки и засега мислењето и ставот е дека не треба. Овие случаи во Кавадарци се поврзуваат со одредени настани и собири каде не се почитувале здравствените мерки. Затоа будно ја пратиме ситуацијата, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот додаде дека новозаразените во Кавадарци во изминатите денови се од различни возрасни групи поточно дека не доминираат млади, средовечни или стари лица. Но тоа што е забележано е дека станува збор за заразени со британскиот сој на вирусот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.