СВР Велес: Една жена физички нападната и спроведена акциска контрола за возење со поголема брзина
Објавено на 22 февруари, 2021 во 10:37
22.02.2021
Сектор за внатрешни работи Велес, информира дека во текот на вчерашниот ден, Д.С (58) пријавила дека во село Мартолци, била физички нападната од К.Г.(61). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на истиот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа регистрирани се 62 прекршоци, од кои 12 во Велес, 17 во Кавадарци и 33 во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшија од полиција.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 50 лица. Во Велес 30, во Кавадарци 13 и седум во Неготино.
Стефани Манева