Хоспитализирани се 38 ковид пациенти, седум од нив на кислородна поддршка
Објавено: 25 февруари, 2021, во 14:05 часот
25.02.2021
Во Општа Болница Велес хоспитализирани се 38 ковид пациенти. Од нив 28 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и седум пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 31 пациент, додека на Интерно одделение само седум пациенти. Од хоспитализираните на кислодорна поддршка се седум пациенти, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева


