ЦРВПР на интеррегионален состанок за правична интеграција на граѓаните на ЕУ на пазарот на трудот и за поддршка на повратната миграција

Објавено: 4 февруари, 2026, во 14:35 часот

Двајца претставници на Центар за развој на Вардарски плански регион учествуваа на вториот интеррегионален состанок на европскиот проект EUM POWER (EU Migrants Promoting Openness with Equal Rights), кофинансиран преку програмата Interreg Europe, кој се одржа во Клуж-Напока, Романија.

Настанот, координиран од градот Клуж – Напока, ги обедини проектните партнери, претставници на јавните институции, академската заедница и работодавачите од повеќе европски земји со цел размена на искуства и добри практики за правична интеграција на граѓаните на ЕУ на пазарот на трудот како и за поддршка на повратната миграција.

Интеррегионалниот дводневен состанок  започна со неформално вмрежување, продолжи со претставување на Клуж- Напока како автентичен европски град на патот кон поправеден пазар на труд, со тркалезна маса во Градското собрание на Клуж-Напока, каде што се обратија истакнати претставници од земјите кои се учесници во проектот.

-Центарот за развој на Вардарски плански регион е партнер – посматрач, помеѓу останатите кои се од земји членски на Европска Унија. Овој проект е значаен затоа што се градат механизми за создавање на услови за враќање на мигрираните граѓани од самите земји членки на ЕУ. Според заменик-градоначалникот на градот домаќин, Дан Тарчеа , учеството во европски проекти значи конкретни решенија и подготовка за иднината на пазарот на трудот на унијата, рече Зоран Јаневски – директор на Центарот.

Програмата на состанокот продолжи со посета на Универзитетот, Факултет за европски студии, каде што се одржале експертски дискусии за улогата на истражувањата, образованието и политиките засновани на докази во поддршката на интеграцијата на мигрантите. Попладневните сесии биле посветени на проектна работа додека на последната „Community of Practice сесија“  проектните партнери дискутирале идеи и добри практики за интеграција на работната сила во Европска Унија.

Како дел од агендата биле и студиските посети на „Bosch Engineering Centre“ и „ABC Incubator“, каде проектните партнери се запознавале преку конкретни примери како работодавачите и иновациските екосистеми придонесуваат кон привлекување, задржување и интеграција на мобилни работници од ЕУ .

За Центарот за развој на Вардарски плански регион, особено е важно што е проектен партнер со седум институции од Романија, Холандија, Белгија, Шпанија, Финска, Грција и Унгарија и што има можност активно да придонесува во процесот на размена на знаења и добри практики. Проектните активности продолжуваат и во наредниот период, со фокус на унапредување на регионалните политики и практики поврзани со мобилноста на работната сила и интеграцијата на мигрантите и Решение за внатрешна миграција во Европа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.