(ФОТО) Заев: Развиени општини значат силна економијаи затоа како Влада поддржуваме вакви капитални инвестиции како Покриен градски пазар во Велес
03.04.2021
Изградбата на затворениот Градски пазар започна денеска во Велес. Горниот дел на пазарот треба да биде готов за четири месеци заклучно со јули, годинава. Објектот е од големо значење за регионалната економија бидејќи од него остваруваат егзистенција голем број на земјоделци и трговци од велешки регион и пошироко рече Претседателот на Влаата Зоран Заев потенцирајќи дека станува збор за значаен објект за трговија не само за Велес, регионот туку за целата држава и за продажбата на домашните производи со кои тргуваат земјоделците и трговците.
-Конечно после неколку децении Велешани ќе добијат современ пазар каде земјоделците и трговците ќе имаат современи услови за продажба на свои производи. Новиот објект ќе го врати животот на левата страна на градот и ќе поттикне развој на нови урбани содржини од интерес на граѓаните. Ќе придонесе за економскиот развој на градот и на регионот. Развиени општини значат силна економијаи затоа како Влада поддржуваме вакви капитални инвестиции.За неколку месеци преку ТАВ програмата ќе започне изградбата на секундарната водоводна мрежа за населба Речани и обезбедивме услови за изградба на мултифункционално игралиште во Велес. Во соработка со Општина Велес ја подобруваме состојбата на сите трајни добра како изградба и реконструкција на патната инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција и изградба на градинки, училишта и спортски сали со цел да го подобриме животот на граѓаните, за нови вработувања и за економски развој, рече Заев.
Тој на изведувачите и надзорот им посака успешна работа а на Велешани да се гордеат додека гледаат како се гради овој важен капитален проект, да имаат добро здравје и сите да го користат значајниот капитален објект.
Изградбата на покриениот градски пазар е дамнешна желба на продавачите и купувачите на пазарот што денеска започна да се реалзираа како најголема капитална инвестиција во Велес во последните 30 години, смета градоначалникот Аце Коцевски .
-Условите на пазарот беа и се уште се лоши, како за продавачите така и за купувачите затоа тие со нетрпение го очекуваат новиот пазар бидејќи повеќе нема да ги врне дожд и нема да бидат изложени на провев додека хигиенските и санитарните услови ќе бидат многу подобри. Велес. Како централен град во нашата земја објектот е многу важен за продавачите и купувачите и не само од Велес туку тој е регионален што ги надминува границите на Варадрски плански регион поради тоа што во него продават и купуваат и граѓани од градови од повеќе региони во државата. Затоа е многу важен како за локалната така и за националната економија, додаде Коцевски.
Тој потенцираше дека новосоздадените услови за продажба на пазарот ќе ги применуваат ХАСАП стандардите и дека во изградбата е предвидена рампа и платформа за потребите на граѓаните со посебни потреби.
Инаку проектот предвидува и партерно уреден простор на површина пред влезот на површина од 215 м2, сервисен блок со тоалети и магацински простор од 87 м2, на еден дел е на едно ниво и на втор дел на две нивоа со вкупна висина од 6, 25 м. Објектот ќе биде челично – скелетна конструкција покриена со енергетско ефикасни панели и фундиран со армирано – бетонски темели.
Во име на граѓаните и граѓанките на Велес, градоначалникот Коцевски, се заблагодари на Владата од лично и од име на Советот на Општина Велес за добиените средства за започнување на изградбата на Покриениот градски пазар. За брзата постапка на носење на Деталниот урбанистички план, за Одобрението за градба и добиеното корисничко право на земјиштето,Коцевски, се заблагодари на вице премиерите Љупчо Николовски и Фатмир Бетиќи како и на министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски.
-Користам прилика да упатам благодарност и до претходното раководство на Општина Велес иако овој пазар беше предмет на политички злоупотреби затоа што беше склучен договор со изведувач во вредност од 12 милиони денари непосредно пред кампањата за Локални избори во 2017 година без да се добие Одобрение за градба, без да се донесе новиот Детален урбанистички план и пред Општина Велес да го добие корисничкото право на земјиштето, додаде Коцевски.
Градоначалникот соопшти дека од вкупната вредност на проектот 46 милиони денари се во фаза на одобрување со помината првата фаза на одобрување од страна на Светска банка преку проектот за „Подобрување на општинските услуги“кој предвидува три годишен грејс период и 12 години на отплата. Доколку проектот биде успешно реализиран Општина Велес ќе добие грант за изградба на друг инфраструктурен објект.
Исто така средствата што ќе легнат на сметката на општината од продажбата на деловниот простор во рамките на новиот објект ќе се искористат за подобрување на комуналната инфраструктура во општината додека 15 милиони денари што се очекуваат преку Центар за развој на Вардарски плански регион а ги обезбедува Бирото за регионален рамноправен развој ќе се користат за изградба на долниот дел на велешкиот пазар.
Премиерот Зоран Заев одговори на повеќе актуелни новинарски прашања, надвор од темата за новиот велешки пазар, како и разговараше со граѓани кои му пристапија по завршување на официјалниот дел на настанот.
Во Велес денеска на настанот присуствуваа и Љупчо Николовски, заменик-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Горан Милевски, министер за локална самоуправа и Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој.
Убавка Јаневска