Двајца велешани денеска ја изгубија битката со Ковид-19, се уште полно Инфективно одделение

Објавено на 3 април, 2021 во 19:15

159798346 195679052346945 3446039506052431163 n

03.04.2021

Починат пациент на 84 годишна возраст од Велес позитивен, лекуван три дена на Инфективно одделение и маж на 74 годишна возраст од Велес , позитивен лекуван два дена на Интерно одделение се денешните жртви на корона вирус во градот.

Денеска вкупно хоспитализирани во Општа болница Велес се 96 пациенти, од кои 88 се потврдено позитивни,по четири сомнителни и со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се вкупно 51 пациент.

На Инфективно одделение се лекуваат 52 пациенти, во Модуларна болница 38
и на Интерно одделение шест пациенти.

Денеска испишани, како оздравени, се пет пациенти со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.