Лишен од слобода башиноселец што превезувал мигранти
Објавено на 10 април, 2021 во 11:28
10.04.2021
Полициски службеници од Полициска станица Штип вчера го лишиле од слобода лицето Ј.Ш.(39) од велешко Башино село, затоа што при извршена контрола и преглед на патничко моторно возило „рено меган“ со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал, било констатирано дека превезува две лица-мигранти од Мароко.
Според соопштението на МВР, Ј.Ш. е задржан во полициска станица, додека лицата-мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Гази Баба“ за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.
Убавка Јаневска
