Двајца Кавадарчани натепале сограѓанин и 38 граѓани не носеле заштитна маска
Објавено на 15 април, 2021 во 13:12
15.04.2021
Тепачката се случила вчера кога четириесет и пет годишниот К.С. од Кавадарци во Полициската станица во Кавадарци пријавил дека на ул.„Дисанска“ во градот бил физички нападнат од Т.К. и Е.Ф.
-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Во изминатото деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 38 лица. Од нив 21 во Велес, шест во Кавадарци и 11 во Неготино.
Против лицата ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Верољуб Додевки портпарол на СВР Велес кои исто така информираше и за само еден евидентиран случај, во Кавадарци, за непочитување на забраната за движење или прекршување на полицискиот час.
Стефани Манева