Вкупно 95 ковид пациенти се хоспитализирани во велешка болница, 42 на кислородна поддршка

Објавено на 16 април, 2021 во 19:08

bolnica veles

16.04.2021

Во Општа болница Велес во моментов се лекуваат 95 ковид пациенти. Од нив 78 се потрвдени позитивни, шест сомнителни и 11 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 42.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 46, на Интерно одделение осум пациенти, во Физикална девет ковид пациенти и во Модуларна болница вкупно 32.

Во текот на денот испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.