Почина пациент од ковид-19 во велешка болница, примени пет нови во изминатото деноноќие

Објавено на 22 април, 2021 во 14:40

Fizikalna otvoren prozorec

22.04.2021

Починатиот пациентот е од Велес, на 80 годишна возраст, бил позитивен и лекуван три дена во Ковид центарот на одделот за Физикална терапија.

Денеска во Општа болница Велес се лекуваат 90 пациенти или пет повеќе од вчера. Од нив 74 се потврдено позитивни, тројца сомнителни и 13 пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

Veleska bolnica Fizikalnai Transfuziologija 1

На кислородна поддршка се 40 пациенти.

Според информации на Општа болница Велес од вкупно 90 пациенти на Инфективно одделение и во Модуларна болница се лекуваат по 35, на Интерно одделение 9 и на одделот за Физикална терапија 11 ковид болни.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.