Бездомните кучиња повторно напаѓаат луѓе
Две кучиња, кои подолго време престојувале кај споменикот на Бауман во велешка Нова населба, утрово му се нафрлиле на триесет и пет годишниот Игор. Овој вработен шанкер во ресторан во градот раскажува како утрово, околу 7 часот и 30 минути, поминувајки по улицата 11 Октомври бил каснат од едно од овие кучиња. Среќа во несреќа е што ми настрадаа фармерките а јас останав неповреден вели, Игор.
– Брзав за на работа и иако ги видов не ни претпоставив дека може едното од нив да ме нападне. Не трчав туку нормално чекорев а тие спиеја во тревникот покрај споменикот. Кога им се приближив еднотот од нив стана и тргна кон мене. Кога се разминувавме, оддеднаш, се заврте и ме касна. Се одбранив со тоа што го шутнав со другата нога, малку појако, а тоа се вдаде да бега. Арно што не се поврати. Но цело време размислувам, јас сум возрасен и умеам да се бранам , а што ако наместо мене напднеше некое дете, рече Игор.
Тој додаде дека местото на кое беше нападнат од бездомно куче е многу фреквентно бидејќи се наоѓа во близина на општинското основно училиште „Васил Главинов“. Истата слика, на бездомни кучиња, ја има и во дворот на училиштето, рече Игор .
– Ако градот не превземе иницијатива и ништо не стори јас ќе излезам и ќе се справувам со кучињата како што знам и умеам. Ви кажав дека таму поминуваат голем број на деца треба ли да оставиме тие да бидат нападнати. За нив мора да се најде решение не само да ги истретираат и да ги обележат со пластичен прстен на увото за потоа повторно да ги пуштат улицата. Еве што прават а тоа нели се стресови? Што ако му се нафрлат на дете, на некоја жена или немокен старец?, праша Игор.
Според него кучињата мора трајно да се згрижат на место кое општината треба да го има и крајно време е да се послушаат советите на граѓанските здруженија за заштита на животните кои одамна бараат да се отвори прифатилиште./Б.Н
