Димова, Јачева и Шопов кандидати за претседател на судот во Велес
Тројцата судии од граѓанскиот оддел на Основниот суд се пријавиле на конкурсот за избор на претседател на судот. Конкурсот заврши на 15 јануари но конечниот избор ќе се случи штом Судски совет заврши со интервјуата на кои ќе бидат повикани Лидија Димова, Билјана Јачева и Александар Шопов.
Од тројцата судии со најдолг стаж е кандидатката Димова. Таа во велешкиот суд работи цели 28 години. Јачева суди девет додека Шопов три ипол години.
Еден од нив ќе го замени актуелниот претседател на судот Јордан Лазаров. Засега нема точни информации кога тоа ќе се случи. Добро упатени извори велат дека на кандидатите не им одат во прилог распишаните избори за претседател на државата и секако најавите дека се очекува уште датумот кога во Македонија ќе се случат вонредни парламентарни избори.
Други пак велат, независно од изборните постапки, дека тоа мора да се случи бидејќи не може институцијата да остане обезглавена подолго време./ Б.Н
