Едукација по прва помош на наставниот кадар во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари
Објавено: 3 ноември, 2023, во 09:38 часот
Наставниот кадар на ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во текот на вчерашниот ден беше дел од едукација по прва помош спроведена од велешки Црвен крст. Целта на едукацијата е наставниците да ги освежат своите знаења за оваа животно спасувачка вештина и како што велат од Црвен крст Велес да научат повеќе за првата помош.
-Тие ги видоа постапките при срцево-белодробно оживување, крварења, рани, скршеници, повреди и останати ситуации во кои треба да се пружи прва помош. Едукацијата ја изведе Др. Марија Давчева волонтер во над 25-годишно искуство во Црвениот крст и тренер по прва помош, додадоа од велешки Црвен крст.

Оваа активност е дел од кампањата „Првата помош спасува живот“. Преку неа општинската организација на Црвен крст од Велес во текот на есенските месеци има за цел да опфати околу 500 ученици и наставници од повеќе училишта во градот и околината.
Стефани Манева


