Сите изречени пресуди во „Ликвидација“ се затворски ефективни
Објавено: 21 октомври, 2013, во 10:09 часот
По четири години и шест месеци затвор за новинарот Томислав Кежаровски и за поранешниот јавен обвинител Ивица Ефремов, пет години и шест месеци за екс судијата на велешкиот суд Валентин Зафиров, две години и шест месеци за поранешниот судија на велешкиот основен суд Иле Танев, по година ипол за Сабедин Џини-Хофмани Јане Павловски – Тица и по една година затвор за пензионираниот врховен судија Борис Николовски и за поранешен судија во велешкиот суд Сашко Лазаров.
По изрекувањето на пресудата судот им го продолжи притворот на Танев, Ефремов, Зафиров и Кежаровски. На останатите им го укина со тоа што им се одземени патните исправи и треба да се јавуваат еднаш во неделата во судот. На сите кои им се судеше во оваа постапка треба солидарно да ги надиместат трошоците .
Адвокатите најавија дека ке ја обжалат пресудата. По нејзиното изрекување дел од обвинетите емотивно реагираа, велејќи дека во случајот тие се жртви а на вистинските наредбодатели кои манипулирале со предметот Ореше „не им фали ни влакно од главата“.
Новинарот Томислав Кежаровски со солзи во очите побара судот да му ја укине мерката притвор бидејки условите во затворот биле нехумани и како што рече, тој не може повеке да издржи во такви услови, за што го известил судот но поради висината на казната судот не го прифати неговото барање. Роднините и дел од обвинетите со плачење ја напуштија судницата.
Судскиот процес траеше два месеци и обвинетите одговараа за примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.
Саше Димовски
