Машиновозачот осомничен за предизвикување на железничката несреќа на станицата „Рајко Жинзифов“

Објавено на 31 јануари, 2014 во 13:32

Педесет годишниот машиновозач на ЈП „Македонски железници“ Р.А. од Скопје е осомничен од полицијата за предизвикувач на сообраќајната железничка несреќа кај станицата Рајко Жинзифов на пругата Скопје – Велес.

Велешката полицијата, во соработка со Основното јавно обвинителство од Велес, против Р.А поднесе кривична пријава за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Според  полицијата, сообраќајната железничка несреќа што се случи лани, на 15 декември во 17 часот и 39 минути, на овој дел од пругата ја предизвикал машиновозачот.

Р.А управувајќи го патнички воз, не  се придржувал кон прописите за безбедност на железничкиот сообраќај , односно,  минувајќи го излезниот сигнал иако истиот покажувал сигнален знак „стој“ , предизвикал удар со товарен воз кој се движел во истиот правец, при што дошло до испаѓање од шините на една локомотива и три вагона. Тогаш полесно беа повредени  две лица.

Осомничениот во железничката несреќа предизвикал опасност за животот или телото на луѓето и по локомотивите, вагоните и шините во сопственост на ЈП „Македонски железници“./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.