Ребрендираната фабрика за медицински помагала „Ронтис“ лани оствари рекордно производство
Со производство од 4 милиони и 750 илјади сетови од крвни линии, дополнително 600 илјади катетри и 450 илјади инфузиски линии велешката фирма „Ронтис“ зад себе ја има најдобрата работна година. Овој обем на производство е реализиран во 2013 година кога фабриката во Велес се ребрендира и од „Вемед“ стана дел од швајцарската корпорација „Ронтис“ со седиште во Цук. Станува збор за светски позната корпорација за производство на медицински помагала како крвни линии за хемодијализа, инфузиски линии, нивни додатоци и катетри како и фармацевтски производи.
„Ронтис“ е извозно ориентирана фирма со годишен обрт од 8.5 милиони евра, вели директорката Бојана Димовска. За да ги задоволи потребите на македонскиот пазар, кои што на годишно ниво изнесуваат 200 000 сетови од крвни линии за хемодијализа „ Ронтис“ треба да работи само една работна недела во две смени.
– Најголем дел од производството, над 90 отсто, го пласираме на пазарите во Германија, Норвешка, Данска, Шведска и Италија кои всушност се и најсензитивни пазари. Ние сме единствена фабрика од Македонија, па и на Балканот која соработува со „Фрезениус медикал кер“ (Fresenius medical care) и не сме добиле ниту една забелешка за квалитетот на производите во изминатата година. Тоа е особено важно за нас, бидејќи квалитетот е единствената алатка за компетитивност на европските пазари, рече Димовска.
Во „Ронтис“ се произведуваат поголем дел од компонентите и цревата за медицинските помагала што се вградени на системите за инфузија и крвните линии за хемодијализа .Фабриката поседува високософистицирани машини кои се основен предуслов за квалитетно производството. Втора значајна компонента се обучените работници, претежно млада женска работна рака. Останатите репроматеријали се набавуваат од европски добавувачи. Во согласност со европската фармакопеа и ИСО стандардите се набавува и гранулатот.
– Штета е што на македонскиот пазар се користат токму производи кои се изработени од гранулат увезен од Кина, кој не е со медицински степен на квалитет. Секако во споредба со нашите производи разликата е во цената. Но, штетата што се појавува на самите пациенти е многу поголема, рече Димовска.

Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.