Се разведуваат се поголем број на велешани, лани рекордни 132 распаднати брачни заедници
Објавено: 5 февруари, 2014, во 17:04 часот
Претходните години по педесет, седумдесет и деведесет а лани во општината се развеле вкупно 132 бракови. Различна е старосната возраст на брачните другари кои повеле парници и ја раскинале заедницата. Има млади но и возрасни граѓани кои заедно живееле петнаесет па и дваесет години пред да ја донесат одлуката за развод, велат од велешкиот суд.
Социјалниот момент е најчеста причина за развод. Сиромаштијата во која живеат граѓаните, заминувањето на еден од брачните другари на работа во странство, најчесто мажот, е суштинскиот проблем за најголем дел од нив. Потоа следи семејното насилство. На судските парници се почесто како причина, младите луѓе, ја соопштувале недовербата меѓу себе како и далечината и одвоениот живот на подолго време.

Во последниве десетина години на работа низ светот заминаа неколку илјади млади велешани а немал број од нив никогаш повеќе не се вратиле кај брачниот другар или децата.
Според статистиката на оваа институција во деведесеттите години на минатиот век се разведувале едвај по десетина бракови. Трендот почнал да се зголемува во наредните десеттина години и не сопира во изминативе денови од годинава. Само минатиот месец во судот се поднесени 20 тужби за раскинување на брачна заедница.


