Се зголемува бројот на ново заболени жени од канцер на дојка

Објавено на 29 јануари, 2014 во 15:48

Евидентираниот број на заболени жени од рак на дојка лани е поголем од 2012 година со регистрирани 650 ново заболени жени. За жал бројот на жени болни од рак на дојка во Македонија е во постојан пораст и покрај тоа што се повеќе се подига свеста за посета на лекар и превентивен преглед на кој рано се дијагностицира болеста. Охрабрувачки се само информациите дека по превентивните прегледи започнува лекувањето а бидејќи тоа е во рана фаза тогаш треба да биде успешно.

Овие податоци беа соопштени синоќа во Велес на едукативното предавање организирано од Здружението за борба против рак „Борка“. Тоа е во рамките на проектот „Напред розово“.

Присутните жени ги слушнаа препораките на д-р Мери Пешевска од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје за задолжителен, најмалку еднаш годишно, превентивен скрининг преглед ,мамографија на дојка, ехо на дојка.  Прегледот е особено важен за жените над 40 годишна возраст. Само со него навреме може да се открие болеста и започне раното лекување.

Биба Додева претседателката на „Борка“ рече дека е задоволна од одзивот на жените и подигнатиот степен на здравствена култура во Велес. Она што сега им треба на жените болни од рак на дојка е повторно да биде отворена влезната врата на локалната канцеларија на Борка, во зградата на Синдикатот, за кое барање добила ветување од раководството на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Велес дека ќе помогнат.

Присутните велешанки од фирма која повеќе од 20 години  се занимава со дистрибуција на медицински помагала проследија презентација на најнова палета на протези и други помагала, кои на оперираните жени од рак на дојка  ќе им помогнат во секојдневниот  живот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.