Велешки суд го одобри обвинителниот акт, наскоро судење за уривањето на зградата на Работнички универзитет

Објавено на 30 април, 2025 во 12:41
Фото: Архива на Дума.мк

Основниот суд во Велес ги одобри обвинителниот акт за едно физичко лице коешто е обвинето за уривањето на зградата на Работничкиот универзитет „Благоја Страчковски“ во Велес. Одобрувањето на обвинението, од страна на судот, објавено е на неговата веб страна, вчера, на 29 април. Исто така поднесен е и обвинителен предлог за едно правно лице.

„Предметот К-ООА.бр.17/25 е формиран по поднесен oбвинител акт спрема физичко лице и oбвинителен предлог спрема правно лице. Во наведениот предмет e донесено решение со кое се одoбрува обвинителниот акт,“ пишува во соопштието на Основен суд Велес.

Според објавеното соопштение, на товар на физичкото лице му се става обвинение според член 292 и член 289 од Кривичниот законик „Тешки дела против општата сигурност“ додека на правното лице според член 289 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик за „Предизвикување опасност при градежни работи“.

Како што дознава Дума.мк по обвинителниот предлог за правното лице Основниот суд Велес ќе закаже рочиште за главна расправа откако ќе се формира предмет и ќе се распредели според АКМИС системот кај судечки судија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.