Велешката болница нема кожен лекар

Објавено на 20 октомври, 2012 во 10:38

 

Под клуч е амбулантата за кожни болести во велешкиот здравствен дом. Од пред неколку месеци докторката Милица Јовановска е во пензија, а нејзина замена нема. Од велешката болница признаваат итно е потребен лекар за кожни болести. Таков веќе испратиле на специјализација, но проблемот го создал бидејќи користи породилно боледување.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=WwB6eVosCL4&feature=plcp|500|281|0{/youtube}„Се додека да се врати докторката која ја испративме на специјализација ќе доаѓа доктор од кожната клиника во Скопје. Во два наврати веќе разговарав со директорот на клиниката, Стошиќ. Речиси да е договорено како ќе доага докторот во нашата болница, а преостанува само правничкиот дел односно да го договорат нашиот и нивниот правник склучувањето на договорот – вели Атанас Василев, директор на велешка болница.

Во меѓувреме велешани страдаат од кожни болести. Ним се трудат да им помагаат матичните лекари и најмногу што можат да постигнат е да помогнат  во 80 проценти од случаите додека за посериозните заболувања, се немоќни.

“Ги упатуваме кај специјалисти во други градови, на секундарно ниво можеме да упатуваме и нормално на клиника. Така и е договорено, она што е дефицитарно, за да не се малтретира пациентот да се упати директно на она место каде што има стручен лекар“ вели Лилија Чолакова Дервишова, матичен лекар

Проблемот со дефицит на кадар е сериозен едногласни се лекарите во Велес. Болницата плаќа  специјализации а дел од лекарите не се враќаат назад, на работа. Новиот закон за здравствена заштита дозволува казни за непослушните велат лекарите.

„Ние сме сведоци дека во изминатите години многу лекари испретени од тука беа на специјализација, но веднаш по завршувањето заминаа во приватни клиники што сметам дека е недозволиво ако се работело домакински,“  вели Чолакова-Дервишова.

“Одлучив да склучувам договори со докторите кои во моментов се на специјализација и со оние кои ќе ги испраќаме на специјализација а е согласно со законот за здравствена заштита. Со договорите ќе бидат должни ако не се вратат назат после специјализацијата ќе мора да ја обештетат болницата во висина од десет суми дадени за специјализација. Тоа е сума од околу 80 илјади евра, вели Василев

Уште неколку оддели во велешката болница кубурат со кадар токму поради ваквиот проблем, но се во подобра ситуација отколку кожната амбуланта. Директорот на велешката болница  ветува дека уште овој месец велешани ќе има каде да ги лекуваат кожните заболувања.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.